Флик прозборе по најавите дека Гундоган побарал да замине!

August 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик прозборе по најавите дека Гундоган побарал да замине!

Барселона успеа да ја совлада Валенсија со резултат од 2-1 каде Левандовски два пати се запиша во листата на стрелците. По натпреварот, Флик беше запрашан за иднината на Гундоган, поточно за информацијата дека Гундоган побарал да замине. „Разговаравме, но тоа ќе остане меѓу нас. Навистина не гледам потреба да создавам контроверзии. Мојот впечаток е дека ќе остане со нас, не знам од каде медиумите имаат поинакви информации. Како што кажав зборував со него на повеќе теми, меѓутоа тоа вас не ве интересира“, изјави Флик. Германскиот тренер рече дека Гундоган почуствувал непријатност поради ударот кој го доби во натпреварот против Монако пред неколку дена.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.