November 25, 2024 | | Свет
Реал Мадрид сè уште не може да се помири со фактот дека Винисиус Жуниор не ја освои Златната топка и истата му припадна на фудбалерот на Манчестер Сити, Родри. Дури и на самата церемонија Реал одлучи да не присуствува бидејќи претходно дознале дека Бразилецот нема да ја освои наградата. Ситуацијата ја коментираше дури и Флорентино Перез кој рече дека ако не биле одредени мали земји кои не му дадоа бодови на Винициус, тој ќе ја освоеше Златната топка. „Ако не беа Намибија, Уганда, Албанија и Финска, Винисиус ќе ја добиеше Златната топка. Гласаат луѓе кои не знаат за него, од тие земји новинарите не му дадоа ниту еден глас. Жирито во Финска барем си ја призна грешката и поднесе оставка, тоа го ценам. Мора да ги прашате организаторите кои се критериумите, но јасно е дека можат да прават што сакаат. Има ли смисла здружување со УЕФА? Гласањето за Златната топка треба да биде независно и да учествуваат познати фудбалски имиња. Родри има наша почит, заслужува Златна топка, ама не оваа. Овојпат мораше да ја добие играч на Реал, какви и да се критериумите. Требаше да ја добие Винисиус, а можеше да му припадне и на Карвахал“, изјави Перез.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |