September 23, 2024 | | Свет
Договорот на Трент Александер Арнолд истекува наредното лето, а моментално нема информации дали се преговара за нов договор и ако е така, во која фаза се тие. Реал Мадрид наводно е заинтересиран за десниот бек, а Англичанецот тврди дека во моментов е фокусиран само на Ливерпул. „Сезонава сум играч на Ливерпул, тоа е завршена приказна. Јас сум во клубот скоро 20 години, потпишав 4 или 5 продолжувања на соработката. Секогаш зборувам дека сакам да бидам капитен на клубот, тоа е една од моите цели во кариерата. Но, најважната работа ми се трофеите, сакам да освојувам трофеи, јас сум играч со мотивација и сакам да бидам дел од елитата. Тоа е главниот фактор за мојот напредок во кариерата“, изјави Александер Арнолд. Според информациите на различни медиуми во Шпанија, Флорентино Перез има план како да го убеди Арнолд да премине во Реал Мадрид, а тоа е пријателството на ѕвездата на Ливерпул со играчот на Реал Белингем. Тие двајца се особено блиски, а и годишниот одмор го поминаа заедно во Лос Анџелес што е доказ за тоа дека се блиски. Трансферот на Арнолд би бил логичен за Реал со оглед на фактот дека Карвахал во јануари ќе полни 33 години, па полека клубот ќе мора да најде достојна замена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |