Флорентино Перез ќе го води Реал уште четири години!

January 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Флорентино Перез ќе го води Реал уште четири години!

Флорентино Перез ќе го задржи претседателското место во Реал Мадрид до 2029 година. Според шпанските медиуми, тој останува недопирлив бидејќи нема противкандидат за изборите што треба да се одржат в понеделник. Првиот пат Перез застана на чело на Реал Мадрид во 2000 година, кога вети дека ќе го доведе Луис Фиго од Барселона и ќе изгради тим од Галактикоси. Навистина, трансферот на Фиго беше еден од најсензационалните во историјата на шпанскиот фудбал. Неговиот прв мандат заврши во 2006 година, но Перез се врати во 2009 година, кога повторно ја презеде претседателската позиција и од тогаш е незаменлив. Под негово раководство, Реал Мадрид освои 37 трофеи, што го прави најуспешниот претседател во историјата на клубот. Со новиот мандат, 77-годишниот Перез ќе продолжи да биде првиот човек на „Сантијаго Бернабеу“ во следните шест години. Едноставно, Перез е фигура која го дефинира современиот Реал Мадрид и неговото водство е од суштинско значење за клубот. Тој исто така немаше противници ниту во 2013, 2017 и 2021 година. 

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.