Флуминензе е првиот полуфиналист: Шокантно елиминиран Ал Хилал (ВИДЕО)

July 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Флуминензе е првиот полуфиналист: Шокантно елиминиран Ал Хилал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Флуминензе се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако вечерва го совладаа Ал Хилал со 2-1 во меч кој понуди повеќе борба отколку убавина. Натпреварот се отвори со внимателен пристап од двете страни, но Мартинели на пет минути пред крајот на првото полувреме го искористи првиот удар во рамките на голот и донесе предност за Бразилците. Саудискиот гигант израмни брзо, благодарение на Маркос Леонардо, кој на стартот на вториот дел погоди за 1-1. Иако Ал Хилал ја презеде иницијативата во продолжението, немаше конкретна закана пред противничкиот гол. Одлучувачки момент беше потегот на Херкулес, кој со прецизен удар во 70. минута го постави конечниот резултат и обезбеди место во топ 4 за Флуминензе. Во полуфиналето, Флуминензе ќе го чека победникот од дуелот Палмеирас – Челси, кој се игра во наредните денови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.