Фокус на кариерата: Кол Палмер се раздели со Кони поради „не“ на брачната понуда

July 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фокус на кариерата: Кол Палмер се раздели со Кони поради „не“ на брачната понуда

Ѕвездата на Челси Кол Палмер и неговата девојка Кони Грејс, кои до неодамна важеа за еден од најпопуларните млади парови во англискиот шоу-бизнис, повеќе не се следат на Инстаграм – потег што само го потврдува крајот на нивната врска. Англиските медиуми објавија дека причината за разделбата е одбивањето на брачната понуда. Кони, наводно, подолго време инсистирала на формализирање на односот, но Палмер ја одбил идејата со објаснување дека сака да се фокусира на фудбалската кариера и смета дека е прерано за толку сериозен чекор. Разликите во животните приоритети довеле до заладување на односот, кој, според најновите информации, е целосно завршен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.