September 22, 2024 | | Свет
Милан успеа да го совлада најголемиот ривал Интер во градското дерби во рамките на петтото коло во Серија А. Резултатот го отвори Пулишиќ во 10. минута откако Американецот успеа да ја земе топката од Микиктаријан и во полн спринт се прошета до голот на Интер и постигна гол. Интер успеа да израмни преку Димарко на асистенција на Лаутаро Мартинез кој прекрасно асистираше. Во второто полувреме Милан за нијанса беше подобар и имаше неколку шанси и порано да дојде до водство. Кога сите мислеа дека двете екипи се задоволни со бод, дојде голот на Габиа со глава по нафрлувањето на Рејндерс.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |