Фонсека по убедливата победа: Многу напреднавме во еден сегмент

December 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фонсека по убедливата победа: Многу напреднавме во еден сегмент

Милан вчера го потопи Сасулото со 6:1 во рамките на Копа Италија, победа која беше највисока за Пауло Фонсека откако седна на клупата на „росонерите“. Според него, пристапот кој го имаше неговиот тим е голем чекор напред. „Јасно има ја апострофирав опасноста од релаксација на моите играчи, на вакви натпревари не смеете да се опуштите. Беше клучно да почене силно и со интензитет. Барав брз проток на топката, пресинг и играчит испочитуваат се што побарав. Во минатото имавме проблеми во пристапот со помалите тимови, но сега напреднавме во тој сегмент и мора да бидам задоволен од ставот кој го имаше тимот. Јас секогаш преземам одговорност, моја одговорност е тимот да влезе максимално мотивирано на еден ваков натпревар“, изјави Фонсека.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.