December 20, 2024 | | Свет
Според извештаите на „Gazetta dello Sport“, исходот од следните три натпревари на Милан ќе биде клучен за иднината на тренерот Пауло Фонсека. Првиот предизвик е гостувањето кај Верона вечерва, по што „росонерите“ ќе ја пречекаат Рома на 29 декември, а на 3 јануари ќе се сретнат со Јувентус во полуфиналето на Суперкупот на Италија во Ријад. Иако не се очекува веднаш да биде отпуштен ако Милан не ја победи Верона, периодот што следува е од голема важност за Фонсека. Доколку резултатите на овие три натпревари не бидат задоволителни, клубот би можел да се одлучи за смена на тренерот на почетокот на следната година. Меѓутоа, „Corriere dello Sport“ има поинаква проценка, нагласувајќи дека исходот на вечерниот натпревар може да ја одреди судбината на португалскиот стратег. Доколку Милан не ја оствари победата против Верона, Фонсека би можел да се соочи со отказ. Во моментот, Милан се наоѓа на 14 бодови зад лидерот Аталанта во Серија А, со еден натпревар помалку, и осум бодови зад Фиорентина која се наоѓа на четвртото место на табелата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |