July 12, 2025 | | Свет
Стефан Ристовски е најновото засилување на ФК Сараево, откако официјално потпиша договор со босанскиот гигант до 2027 година, со можност за продолжување на уште една сезона. Искусниот македонски десен бек пристигна од редовите на Динамо Загреб, каде што не само што беше стандарден првотимец, туку и капитен на тимот. Ристовски, кој има 81 настап за македонската репрезентација, денеска првпат позираше со дресот на новиот клуб на стадионот „Асим Ферхатовиќ – Хасе“. Во негово друштво беше и поранешниот репрезентативен соиграч Крсте Велкоски, кој од ова лето ја има улогата на спортски директор во Сараево. Со овој трансфер, клубот добива не само дефанзивна сигурност туку и силна лидерска фигура. Во својата кариера, 32-годишниот Ристовски има освоено 13 трофеи, играјќи за Динамо Загреб и Спортинг Лисабон, а оваа етапа му носи нов предизвик и нова средина за докажување.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |