Франција ја исфрли Аргентина од ЛОИ, а потоа следуваше хаос! (ВИДЕО)

August 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Франција ја исфрли Аргентина од ЛОИ, а потоа следуваше хаос! (ВИДЕО)

Француија се пласираше во полуфиналето на олимпискиот турнир откако со минимални 1:0 ја совлада Аргентина. Жан-Филип Матета погоди во 7 минута за водство на Франција, а на крајот тој гол беше и одлучувачки. Откако заврши натпреварот, се случи мешаница, па и тепачка во која учествуваа фудбалери од двата тима. Хаосот продолжи и во тунелот кој води кон соблекувалните. Во текот на целиот натпревар имаше провокации и од двете селекции а очигледно е дека раните се уште свежи по финалето на Светското првенство каде Аргентина ја совлада Франција. Франција ќе игра против Египет, а во второто полуфинале ќе се сретнат Шпанија и Мароко.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.