June 28, 2024 | | Свет
Се чини дека во редовите на селекцијата на Франција атмосферата не е на завидно ниво. Откако претходно „L'Équipe“ пренесе дека Гризман влегол во конфликт со Дешамп пред последниот натпревар од групаната фаза на Франција, сега селекторот влегол во конфликт и со Камавинга. Овој медиум пренесува дека наводно дошло до вербален инцидент на тренингот на француската селекција меѓу селекторот Дидие Дешамп и Едуардо Камавинга. Тој ги критикуваше оние фудбалери кои влегле од клупа и не немале некаков особен придонес. „Луѓето мислат дека е лесно вака да се излезе надвор, но не е“ – рече Камавинга. Со оглед на тоа дека тренингот на Франција бил од отворен карактер, се почувствувале тензиите меѓу играчот и селекторот. Уште на самиот почеток на тренингот наводно, Дешамп пришол до Камавинга со зборовите: „Подготвен си конечно, може да почнеме, или уште ќе се лизгаш?“, алудирајќи на изборот на копачки на Камавинга на мечот со Полска со кои постојано пролизгувал на теренот. Потоа имало уште неколку вербални дофрлувања, но потоа сѐ се стишало. Камавинга пак, одигра 19 минути во првото коло, а во второто само 29 минути.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |