Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид..." /> „Фрлавме пикадо на постери од Меси и другите играчи на Барселона“ – Статива

„Фрлавме пикадо на постери од Меси и другите играчи на Барселона“

February 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Фрлавме пикадо на постери од Меси и другите играчи на Барселона“

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Ројстон Дренте, сподели интересни детали од својот престој во кралскиот клуб. Холанѓанецот беше дел од тимот во периодот од 2007 до 2010 година и открива колку големо било ривалството со Барселона.

Според неговите зборови, во пресрет на Ел Класико, атмосферата во соблекувалната била специфична – играчите закачувале постери од Барселона и нивните фудбалери, вклучувајќи го и Лионел Меси, па потоа фрлале пикадо во нив.

„Кога бев во Реал Мадрид, ја мразев Барселона. Една недела пред Ел Класико во соблекувалната закачувавме постери од играчите на Барса, од Меси и другите, и фрлавме пикадо во нив,“ изјави Дренте.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.