Фудбалер од Узбекистан отпуштен – одби да излезе од игра двапати (ВИДЕО)

September 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фудбалер од Узбекистан отпуштен – одби да излезе од игра двапати (ВИДЕО)

Необична сцена се случи на првенствениот натпревар во Узбекистан меѓу Коканд 1912 и Кизилкум (2-1). Дефанзивецот на гостите, Дилшод Комилов, двапати одби да го напушти теренот и на крај го чинеше кариерата во клубот. Тренерот Акмал Рустамов прво сакаше да направи замена во 57-та минута, а потоа и во 60-тата, но Комилов не реагираше на повиците. Неколку дена подоцна, Кизилкум официјално соопшти дека договорот со играчот е раскинат. Инцидентот предизвика големо внимание во локалната јавност, која оцени дека ова е редок случај на непослушност на професионален терен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.