August 18, 2025 | | Свет
Навивачите на „Олд Трафорд“ во натпреварот од првото коло во Премиер лигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал забележаа една нова тактика на Микел Артета, која предизвика големо внимание во фудбалската јавност. Со оглед на новото правило кое забранува голманите да ја задржуваат топката во свои раце повеќе од осум секунди, Арсенал се обидуваше да извлече предност преку паметен, но и провокативен потег. Фудбалерите на „топџиите“ наизменично го блокираа голманот на Јунајтед, Алтај Бејиндир, секој пат кога ја имаше топката во свои раце. Целта беше едноставна: да го натераат Турчинот да ја задржи подолго од дозволеното, што би резултирало со индиректен удар или корнер за Арсенал. Иако дел од навивачите на Јунајтед ваквата стратегија ја оценија како „неспортска“ и „нефер“, таа сепак е во рамките на правилата, а токму тоа го прави Артета – користи секоја можност за да му обезбеди предност на својот тим. Не треба да чуди што Арсенал толку инсистира на корнерите, со оглед на тоа што токму тие се едно од најсилните оружја на „топџиите“. Минатата сезона тие постигнаа дури 31 гол по изведени корнери – најмногу во Премиер лигата, дури 11 повеќе од Ливерпул, кој е нивниот најблизок конкурент во оваа категорија.
Fans spot Arsenal's sneaky new tactic in Man Utd clash as Mikel Arteta seeks to manipulate new Premier League rulehttps://t.co/LdSTO1yKbk
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) August 17, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |