Фудбалерите на Барселона скршени: Не можат да ја прифатат смртта на важниот човек во клубот

March 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фудбалерите на Барселона скршени: Не можат да ја прифатат смртта на важниот човек во клубот

Трагична вест го одбележа планираниот натпревар помеѓу Барселона и Осасуна, кој требаше да се одигра вечерва, но беше одложен на само 15 минути пред почетокот. Барселона соопшти дека ненадејно починал Карлес Мињаро, еден од лекарите во медицинскиот тим на клубот. Фудбалерите на Барселона веднаш побарале натпреварот да не се игра, а Ла Лига ја прифати оваа одлука. Останува да се одреди нов датум за мечот од 27-то коло, бидејќи нема логика да се игра во наредните 24 часа по оваа трагедија. Играчите на Барселона не можеа да ја скријат својата неверица, а првите реакции пристигнаа од Педри, Гави и Араухо. „Сѐ уште не можам да поверувам… Силна прегратка до семејството и пријателите на Карлес“, порача Педри. „Почивај во мир, докторе. Засекогаш ќе бидеш во нашите срца. Ќе ни недостигаш“, напиша Гави. „Не можам да поверувам. Бог нека им даде сила на неговите најблиски. Почивај во мир“, изјави Араухо. Станува збор за човек кој наводно бил многу близок со играчите и голем професионалец.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.