Фудбалерите на Монако останаа во гаќи во авион пред гостувањето во Белгија (ВИДЕО)

September 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фудбалерите на Монако останаа во гаќи во авион пред гостувањето во Белгија (ВИДЕО)

Фудбалерите на францускиот Монако доживеаја вистински куриозитет пред мечот со Бриж во Лигата на шампионите. Наместо мирно патување кон Белгија, тие се соочија со неочекувани проблеми уште пред полетувањето. Имено, авионот со кој требаше да патуваат беше откажан поради дефект на клима уредот. Играчите веќе беа сместени во леталото, кога жештината станала неиздржлива. Во обид да се разладат, фудбалерите почнале да се соблекуваат и за кратко време останале само по гаќи. Сцената предизвика многу смеа во тимот, а дел од играчите решија дури и да ја документираат ситуацијата со видеа за социјалните мрежи. Монако утре во Белгија го очекува сериозен предизвик против Бриж, но несекојдневната случка сигурно ќе остане долго во сеќавањето на играчите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.