August 12, 2024 | | Свет
Играчот на Тотенхем, Ив Бисума беше фатен како вдишува азотен оксид. Тој на апликацијата „снапчет“ претходната недела постави видеа на кои се гледа како користи дрога од наркотик „Ц“, познат и како „рајски гас“. Тој ја призна вината и сега е предмет на истрага од страна на клубот. „Сакам да се извинам за овие видеа. Тоа беше огромен недостаток на проценка. Разбирам колку е сериозно ова и ризиците што ги носи по моето здравје. Ја преземам целосната одговорност како фудбалер и пример за останатите“, рече Бисума. За појаснување, поседувањето азотен оксид е кривично дело кога има намера незаконски да се вдиши поради психоактивен ефект, но сепак е можно да се користи и во рамки на законот, но тоа е во ситуации на ублажување на болка при породување на пример. Во Тотенхем дојде од редовите на Брајтон пред две години за околу 29 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |