Фудбалот пишува приказни: Грузија ја шокираше Португалија, Турција како втора оди понатаму

June 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фудбалот пишува приказни: Грузија ја шокираше Португалија, Турција како втора оди понатаму

Грузија ја изненади Португалија и ја совлада со резултат 2-0, а ова значи дека Грузијците завршуваат на третото место и се пласираа во нокаут фазата во своето прво Европско првенство во историјата. Кварацкелија уште во втората минута ја доведе Грузија во предност, а конечниот резултат го постави Микаутадзе од пенал во 57 минута. Микаутадзе има три гола, по еден на сите натпревари во групата. Турција пак со гол во 94. минута каде стрелец беше Ченк Тосун ја совлада Чешка и завршува втора, а конечниот резултат беше 2-1. Португалија завршува прва со шест бодови, Турција втора исто така со шест, Грузија трета со четири, а Чешка освои само еден бод.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.