Фудбалска лекција од Меси – Монтреал не знаеше што го снајде (ВИДЕО)

July 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фудбалска лекција од Меси – Монтреал не знаеше што го снајде (ВИДЕО)

По настапите на Светското клупско првенство, Интер Мајами се врати на домашниот терен и со стил ја продолжи сезоната во МЛС, славејќи убедливо со 1-4 на гостувањето кај Монтреал каде одново главна фигура беше Лионел Меси. Аргентинецот постигна два гола и запиша асистенција, а неговиот втор погодок во 62. минута беше вистински спектакл. Меси стартуваше речиси од половина терен, помина неколку противнички фудбалери и рутински реализираше за конечен резултат. Претходно во првото полувреме му асистираше на Аљенде, а самиот го постигна првиот гол во 40. минута по карактеристичен продор и прецизен удар. Интер Мајами со оваа победа ја запиша третата победа во низа во МЛС и сега има 32 бода, со што се наоѓа на шестата позиција во Источната конференција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.