January 6, 2025 | | Свет
Тимот на Нотингем Форест ја продолжи одличната серија настапи во Премиер лигата и вечерва запиша нов триумф, победувајќи ги Вулвс на гостински терен со убедливи 0:3. Според прикажаното сезонава, Нотингем влезе во натпреварот како фаворит, и таа улога целосно ја оправда на теренот. Натпреварот започна одлично за гостите, кога Гибс Вајт постигна гол уште во седмата минута, а резултатот беше удвоен на крајот од првото полувреме каде стрелец беше Вудс. Во вториот дел од натпреварот двете екипи имаа свои шанси, но конечните 0:3 ги запечати Абони во последните моменти од мечот. Оваа победа значи дека Нотингем е во серија од шест последователни победи, а интересно е што во последните четири натпревари не примиле ниту еден гол. На табелата, Нотингем сега има 40 бодови, израмнет со Арсенал, додека Ливерпул останува лидер со предност од шест бодови.
🚨🏴 GOAL | Wolves 0-3 Nottingham Forest | Awoniyi And that's 3 Nil and Full Time Notts Forest is now joint 2nd with Arsenal, what a journey for Forest so far.#WOLNFOpic.twitter.com/5EfazwP2uC
— EPL STREAMS (@eplhdstreamer) January 6, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |