Фудбалски ѕвезди вмешани во измама слична на Конти!

October 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фудбалски ѕвезди вмешани во измама слична на Конти!

Роберто Карлос, Луис Фиго, Икер Касиљас и Фернандо Јеро, како и сегашната ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор се вмешани во измама со пирамидалната шема на компанијата „Омегапро“. Наводно, тие соработувале о крипто компанија која ветувала профит и до 300%, но сега истата компанија се соочува со огромен број на тужби. На оние кои вложиле им било кажано дека арите ќе ги добијат за 14 месеци, потоа за 18, па 26 и на крајот станало јасно дека станува збор за измама. Воедно, околу три милиони луѓе инвестирале три милијарди евра во оваа пирамидална шема.  Тројца од основачите се уапсени, а двајца се во бегство. Била измамена и 56-годишна жена која изгубила 18.000 евра. „Не ми е јасно како може да биде ваква измама. Вклучени беа познати фудбалери, а логото на компанијата сотеше на голем облакодер во Дубаи“, рекла 56-годишната Долорес.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.