December 26, 2024 | | Свет
Како и секоја година, денеска ќе биде одигран „Боксинг деј“ во Премиер лига. Тоа е периодот кога на Божиќ или околу овој празник и Нова Година се играат натпревари од англискиот шампионат. Историјата на играњето фудбал на овој ден потекнува од почетокот на современиот фудбал. Првиот фудбалски натпревар во „Боксинг деј“ се одиграл помеѓу Шефилд и Халам во 1860 година. Во првата сезона на старата Фудбалска лига (1888/1889), Престон го победил Дерби со 5:0 на 26 декември, и така започнал традицијата на играње фудбал на овој датум. „Боксинг деј“ има неколку теории за неговото име, а најпозната е онаа која го поврзува со дарувањето подароци. Англичаните, кои имале слуги, на овој ден ги примале своите Божиќни подароци, што довело до името „Боксинг деј“. „Christmas Box“ било англискиот термин за Божиќен подарок. Друга теорија зборува за традицијата на собирање пари на Божиќ во црквите, кои потоа се отворени на 26 декември. Без разлика на теориите, повеќе од 120 години, фудбалот на „Боксинг деј“ е важен дел од англиската фудбалска традиција, со натпревари во Премиер лигата, пониските лиги и аматерските натпревари.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |