Фудбалските навивачи ќе мора да се откажат од алкохолот на СП 2034

February 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фудбалските навивачи ќе мора да се откажат од алкохолот на СП 2034

Саудискиот принц Калид бин Бандар Ал Сауд откри дека на Светското првенство 2034 во Саудиска Арабија, консумирањето алкохол нема да биде дозволено. Во интервју за светските медиуми, принцот нагласи дека оваа одлука важи за сите места, вклучувајќи хотели, ресторани и стадиони, и дека нема да има исклучоци. Оваа забрана доаѓа по делумната дозвола за алкохол што беше применета за време на Светското првенство во Катар 2022. „Не дозволуваме алкохол на Мундијалот. Луѓето можат да уживаат без него. Тоа не е нешто што е неопходно, а ако некој сака да се напие, тоа може да го направи по напуштањето на Саудиска Арабија“, изјави принцот, додавајќи дека во моментов во земјата не се служи алкохол.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.