Фулам го победи Челси за првпат после 45 години на „Стемфорд Бриџ“! (ВИДЕО)

December 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фулам го победи Челси за првпат после 45 години на „Стемфорд Бриџ“! (ВИДЕО)

Фулам успеа да го шокира Челси на домашен терен и тоа со гол во 95. минута, а херој беше Родриго Муниз. Денешниот настап на играчите на Мареска беше блед. Домаќините го отворија резултатот преку Палмер во 16. минута на асистенција на Колвил и тој гол беше единствениот во првиот дел. Сепак, изненадувањето за Челси дојде во 82. минута кога стрелец беше Хари Вилсон. Во продолжението, гостите дојдоа до целосен пресврт. Последната победа на овој стадион во Премиер лигата Фулам ја има остварено во далечната 1979 година. Челси останува втор со четири бода помалку од Ливерпул и два натпревари повеќе од тимот на Слот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.