Фулам губеше во 92. минута, а потоа следуваше шоу на Хари Вилсон! (ВИДЕО)

November 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фулам губеше во 92. минута, а потоа следуваше шоу на Хари Вилсон! (ВИДЕО)

Фулам го совлада Брентфорд со 2-1 во еден неверојатен натпревар кој донесе голем пресврт на домаќините. Гостите го отворија резултатот со голот на Јанелт во 24. минута, и овој резултат стоеше на семафорот се до 92. минута од мечот. Потоа следуваше шоу на Хари Вилсон кој влезе од клупата. Тој најпрво постигна гол со акробатски удар, а потоа со глава прекрасно погоди во 97. минута за 2-1 и целосен пресврт на Кревин Котиџ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.