March 12, 2025 | | Свет
Конор Галагер го постигна најбрзиот гол во Лигата на шампионите сезонава, откако вечерва против Реал Мадрид се запиша во листата на стрелци по само 27 секунди игра. Со овој погодок, „јорганџиите“ ја анулираа предноста на „кралевите“ од првиот натпревар (2:1). Галагер со својот брз погодок постави неколку рекорди – стана првиот англиски фудбалер што постигнал гол во мадридското дерби во ЛШ и го забележа најбрзиот гол на еден англиски играч во историјата на ова натпреварување. Дополнително, Реал Мадрид не примил гол толку брзо уште од 2007 година, што го прави неговото постигнување уште позначајно.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |