Галата го нарече Мурињо плачко, неговата реакција беше во негов стил! (ВИДЕО)

September 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Галата го нарече Мурињо плачко, неговата реакција беше во негов стил! (ВИДЕО)

Фенербахче вчера претрпе тежок пораз на домашен терен од Галатасарај со 3-1, а по натпреварот официјалната страна на гостите го исмеваше Мурињо и го нарече плачко. Тие го искористија прекарот кој Португалецот сам своевремено си го даде „Специјалниот“ (на англиски „Special one“) и го нарекоа плачко („Crying one“). По таквата објава, еден турски новинар го застана Мурињо и му ја покажа таквата објава, а Португалецот беше смирен и сталожен. Новинарот го праша Мурињо што мисли за објавата на што тој одговори: „Дали си сериозен или се шегуваш? Жал ми е, не можам да зборувам со тебе“, кратко рече Мурињо и си замина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.