Галатасарај ќе му направи услуга на Манчестер Сити за Донарума!

August 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Галатасарај ќе му направи услуга на Манчестер Сити за Донарума!

Џанлуиџи „Џиџо“ Донарума е пред заминување од Пари Сен Жермен, а неговата следна дестинација најверојатно ќе биде Премиер лигата. Италијанскиот репрезентативен голман е една од најголемите желби на Манчестер Сити, кој гледа во него долгорочна замена на сегашниот прв голман, Едерсон. Сепак, за трансферот на Донарума да стане реалност, „граѓаните“ најпрво мора да го решат статусот на Едерсон. Турскиот гигант Галатасарај веќе влезе во преговори и испратил официјална понуда од 10 милиони евра за бразилскиот чувар на мрежата. Иако Сити ја одбил почетната понуда со желба да добие поголема отштета, сепак двете страни се блиску до договор. Се очекува во наредните денови Галатасарај и Манчестер Сити да најдат компромис, бидејќи и за клубот од Истанбул и за тимот на Пеп Гвардиола е од интерес Едерсон да ја продолжи кариерата во Турција. Доколку трансферот се реализира, патот ќе биде отворен за Донарума да пристигне на „Етихад“ и да ја преземе улогата на прв голман кај актуелниот шампион на Англија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.