Галијани во трка за прв човек на италијанскиот фудбал!

November 4, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Галијани во трка за прв човек на италијанскиот фудбал!

Адријано Галијани официјално се вклучи во трката за претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Човекот кој заедно со Силвио Берлускони остави огромен белег во историјата на Милан сега има амбиција да застане на чело на италијанскиот фудбал. На изборите закажани за 14 декември во Рим, Галијани ќе се соочи со Џовани Малаго, актуелниот комесар на Сојузот. Галијани веќе ја доби поддршката од здруженијата на италијанските фудбалери и тренери, додека зад Малаго застанаа 11 клубови од Серија А. Борбата за претседателската функција следува по оставката на Габриеле Гравина, која дојде по елиминацијата на Италија од Босна и Херцеговина. На 14 декември ќе биде познато кој ќе ја преземе одговорноста за иднината на италијанскиот фудбал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.