Ганчев: Си ставив една ракија кога ме „закопаа жив“

March 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ганчев: Си ставив една ракија кога ме „закопаа жив“

Необична и неверојатна ситуација се случи во бугарското првенство, каде што екипата на Арда пред натпреварот со Левски одржа минута молк – за жив човек. Во клубот добиле погрешна информација дека поранешниот фудбалер Петко Ганчев починал, поради што одлучиле да му оддадат почит. Самиот Ганчев подоцна сподели детали за оваа бизарна случка. „Доцнев додека се враќав дома, каде што требаше да го гледаме натпреварот. Телефонот постојано ми ѕвонеше. Кога стигнав, сопругата беше во солзи, викајќи дека на телевизија објавиле дека сум починал. Не разбирав што се случува, но потоа ми објаснија. Навистина е шокантно кога ќе ве ‘испратат’, а вие сте живи. Ова не беше лесно, но за среќа, сè добро заврши. На крајот, кога дознав што се случило, си ставив една чашка ракија“, рече Ганчев. По оваа грешка, клубот Арда официјално му се извини на Ганчев и неговото семејство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.