August 26, 2025 | | Свет
Алехандро Гарначо ќе го напушти Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, а како негова следна дестинација најчесто се споменува Челси. Младиот крилен фудбалер доби неколку понуди од други клубови, но веднаш ги одби, вклучително и една многу богата од Саудиска Арабија. Гарначо не е во плановите на тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, кој јасно стави до знаење дека не смета сериозно на него за иднината на клубот. Од друга страна, Челси веќе подолго време е заинтересиран за неговите услуги. „Сините“ започнаа официјални преговори со Манчестер Јунајтед за трансфер на 20-годишниот Аргентинец, но остануваат уште неколку финансиски детали за да биде договорот целосно финализиран. Лондонскиот клуб, кој е актуелен светски клупски шампион, гледа во Гарначо играч со голем потенцијал кој може да ја освежи нивната офанзива. Доколку трансферот се реализира, тоа ќе биде еден од најгласните потези во преодниот рок на Премиер лигата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |