Гарначо со ултиматум до Јунајтед: Пратете ме во Челси или ќе седам на клупа!

August 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гарначо со ултиматум до Јунајтед: Пратете ме во Челси или ќе седам на клупа!

Сагата околу иднината на Алехандро Гарначо влегува во жешка фаза. Младиот аргентински талент, кој веќе подолго време е во немилост кај тренерот Рубен Аморим, очигледно ја донесе конечната одлука – сака преселба на „Стемфорд Бриџ“ и не гледа друга опција. Според ексклузивните информации на Фабрицио Романо, Гарначо директно им порачал на челниците на Манчестер Јунајтед дека или ќе биде продаден на Челси, или ќе ја мине целата следна сезона на клупата. Оваа ултимативна порака доаѓа само три недели пред затворањето на летниот преоден рок, што дополнително го зголемува притисокот врз „црвените ѓаволи“. „Сините“ од Лондон сметаат дека можат да го обезбедат потписот на 20-годишниот крилен напаѓач за околу 30 милиони фунти, што е речиси двојно помалку од понудите кои пристигнаа во јануари. Јунајтед, пак, останува цврст во барањето од најмалку 50 милиони фунти за да се раздели со репрезентативецот на Аргентина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.