August 13, 2024 | | Свет
Иван Перишиќ ќе го напушти Хајдук каде допрва ќе биде одлучено дали ќе бараат оштета од заинтересираните клубови за него или договорот ќе му биде раскинат па ќе може да замине бесплатно. Тренерот на Хајдук Гатузо рече дека Перишиќ од него побарал да замине, па тој морал да ја почитува таквата одлука. „Пред 20 дена дојде во мојата канцеларија и ми рече дека би сакал да замине. Ако некој не сака да остане, тогаш морам да го почитувам остатокот од тимот, а во соблекувалната има правила кои мора да се почитуваат“, рече тој. Изјава даде и спортскиот директор на Хајдук Никола Калиниќ за официјалниот сајт на клубот. „Жал ни е што се создаде атмосфера која имаше крајно негативно влијание врз клубот, но особено врз Иван и неговото семејство, кои претрпеа незаслужено бројни непријатности. За жал во последните неколку дена дојде до несогласувања, кои ќе резултираат со раскин на договорот. Во наредните денови ќе донесеме одлука дали разделбата ќе биде во форма на трансфер или взаемно раскинување на договорот“, рече тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |