August 11, 2024 | | Свет
Хајдук денес одигра нерешено против Локомотив Загреб во рамките на второто коло од хрватскиот шампионат. Нашиот Александар Трајковски го отвори резултатот, но во 97. минута од пенал Локомотив се спаси од пораз. Тренерот на Хајдук, легендарниот Џенаро Гатузо привлече внимание кога реши да го исфрли Перишиќ од составот поради недисциплина а денеска пак беше прашан околу неговата ситуација. „Пред 20 дена, Перишиќ дојде во мојата канцеларија и ми кажа дека сака да замине. Ако некој не сака да остане, тогаш морам да го респектирам остатокот од тимот. Во соблекувалната постојат правила кои мора да се почитуваат“, рече Гатузо. Гатузо рече дека му дал шанса на Перишиќ да игра 20, 35 и 65 минути. „Кога некој сака да замине може да доведе до погрешни размислувања. Сепак, ова не е затворена приказна, тој и понатаму е тука“, изјави Гатузо.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |