Гатузо: Страв ми е само од смрт, од отказ не се плашам

September 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гатузо: Страв ми е само од смрт, од отказ не се плашам

Хајдук издвои тешка победа над Динамо во Загреб, а по натпреварот Гатузо зборуваше искрено и конкретно, онака како што тој знае најдобро. Замина спортскиот директот Калиниќ, а Гатузо беше запрашан дали тој може да биде следен кој ќе добие отказ. „Дали имам страв од отказ? Се плашам само од смртта, но јас живеам за фудбалот и ја сакам оваа работа. Заработив доволно во кариерата и можам да живеам удобно без ништо да правам, меѓутоа ова ме исполнува. Читавте што се случува во клубот, имаше различни верзии, а се што можам да кажам е дека Калиниќ не е лажго. Токму Калиниќ успеа да ме убеди да дојдам тука тврдејќи дека Хајдук е религија и затоа победата му ја посветувам него. На последната прес-конференција претседателот кажа дека не зборуваме десетина дена, тоа не е точно. Ние не зборуваме цел месец. Но, би бил го*но од човек ако сега ги напуштам овие момци“, дрско изјави Гатузо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.