November 19, 2024 | | Свет
Џенаро Гатузо беше присутен на судење кое е поврзано со италијанскиот бизнисмен поврзан со мафијата на Апенините, Паскале Мота. Тој успеа да одбегне неколку рочишта, но сепак беше приморан да сведочи каде се појави преку видео-линк од Сплит. Според одбраната на Мота, Гатузо е еден од најважните сведоци во случајот. Италијанецот требаше да суди за обвинувањата за лажен пренос на имотот на една позната компанија. Токму Мота бил скриен партнер во компанија каде што акции имал и Гатузо, кој објаснуваше што се случувало во тоа време. „Се сеќавам дека не можеше да ги запише акциите на негово име затоа што имаше проблем. Се сеќавам дека Карло Болеро ги запиша на негово име“, рече Гатузо. Претходно и тој беше под истрага, но се утврди дека тој не бил свесен за криминалот кој се случува.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |