Газдата на Челси не можеше да го гледа својот тим како губи па си замина порано! (ВИДЕО)

August 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Газдата на Челси не можеше да го гледа својот тим како губи па си замина порано! (ВИДЕО)

Манчестер Сити беше пресилен за Челси на денешното дерби каде ги поразија со 2-0 со голот на Халанд и Ковачиќ. Во центарот на внимание пред самиот крај на натпреварот беше сопственикот на Челси Тод Боели кој реши предвреме да си замине од „Стемфорд бриџ“ по голот на Ковачиќ каде стана јасно дека натпреварот е решен. Засега Боели заедно со управата на Челси има чудна тактика каде во еден тим собрани се огромни таленти кои не си ја знаат улогата во тимот, а некои од нив и на теренот. Летово потрошија над 180 милиони фунти на нови засилувања, а очигледно е дека на новиот тренер Мареска му треба време за да покаже дали знае нешто со овој тим. Денешниот потег на Боели е доказ дека нешто во Челси и тоа како не функционира.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.