June 22, 2025 | | Свет
На Светското клупско првенство оваа година се појави една од најнеобичните и највпечатливите фудбалски приказни. Георги Минунгу, 22-годишниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска, не плени со бројот на голови или спектакуларни потези, туку со неверојатната борба што ја води зад теренот. Минунгу настапува за Сиетл Саундерс, но неговата кариера беше сериозно загрозена пред само две години кога му беше дијагностицирана тешка инфекција на левото око, што доведе до целосна слепост на тоа око. Наместо да се предаде, младото момче со огромна решителност и сила уште посилно се посвети на тренинзите и враќањето на теренот. Во 2024 година го доби својот прв професионален договор со Сиетл, што важи до 2028 година, и го живее својот сон со полна пареа. Со 35 настапи во МЛС, еден гол и пет асистенции, Минунгу е вистинска инспирација во светот каде што совршенството и физичките капацитети се сметаат за пресудни.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |