Гери Невил шокиран од Аморим: Или проба ново решение или не верува во своите играчи

February 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гери Невил шокиран од Аморим: Или проба ново решение или не верува во своите играчи

Гери Невил во својот подкаст истакна дека Рубен Аморим направил нешто што ретко кој го очекувал по неговото доаѓање во Манчестер Јунајтед – ја влошил ситуацијата во тимот. Според него, играта под водство на Аморим изгледа уште послабо во споредба со тимот на Ерик Тен Хаг. Невил не само што го предупреди португалскиот стратег, туку и детално ја анализираше една од неговите најконтроверзни одлуки во последниот натпревар од Премиер лигата. Аморим изненади многумина со тоа што реши да настапи без класичен напаѓач, поставувајќи го Коби Мејну како „лажна деветка“, наместо да се потпре на Хојлунд или Зиркзе. „Имам само две можни објаснувања. Или експериментира во обид да најде ново тактичко решение, или едноставно нема доверба во напаѓачите кои ги има на располагање“, вели Невил. Тој додаде дека бил изненаден од стартниот состав, бидејќи очекувал Бруно Фернандеш да биде најофанзивниот играч. „Кога видов дека Мејну ја игра таа улога, веднаш ми стана јасно дека Кристал Палас доби огромна предност. Не тврдам дека Хојлунд или Зиркзе ќе ги исплашеше дефанзивците на Палас, но ако немате физички силен напаѓач во шеснаесетникот, кој воопшто ќе постигне гол?“, заклучи Невил.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.