October 10, 2024 | | Свет
Јавноста вчера се изненади со веста дека Јирген Клоп прифатил да биде одговорен или глобален шеф на тимовите по покривителство на компанијата Ред Бул. Зборувајќи за деталите, новинарот Флоријан Плетенберг рече улогата на Клоп ќе биде да ги советува сите клубови под капата на Ред Бул (Салцбург, Лајпциг, Њујорк и бразилски Брагантино) по голем број на прашања како филозофија на игра, трансфери, тренери, развој и младинска школа. Исто така, во договорот има и клаузула со која може да ја напушти новата работа за во иднина потенцијално да стане селектор на германската репрезентација, која моментално ја води Јулијан Нагелсман. Но, ваквата улога наиде на огромен број на критики особено во Германија. Дел од навивачите и медиумите сметаат дека Клоп со ова ги „изневерил своите идеали“. Тој често беше перципиран од јавноста како „последната брана за модерниот фудбал, човек кој работи на моќта на страста дадена од Енфилд или ‘жолтиот ѕид’ на Борусија Дортмунд, наместо бездушна корпорација. Клоп му се претстави на Ливерпул како „Нормалниот“, наспроти „Специјалниот“, Мурињо, што му донесе пофалби. Сега, многумина веруваат дека тој е ист како другите во оваа индустрија и само ги следи парите. Оваа вест предизвикаа многу грди чувства кај навивачите“, пишува Der Spiegel.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |