June 28, 2024 | | Свет
Турција обезбеди пласман во нокаут фазата каде во групната фаза заврши на второто место, а во осминафиналето ќе ги одмери силите со Австрија. Турците пак направиле потег кој многу ги налути Германците. Имено, тие требале да патуваат само 132 километри од Хановер до Хамбург, решиле да патуваат со авион. Според Германија, тоа е неодговорно и нееколошко однесување, особено бидејќи се работи за дистанца која возејќи се минува за нешто повеќе од еден час. Реакција има и од Рене Шварц од граѓанската иницијатива за намалување на загаденоста на воздухот. „Апсолутно е неприфатливо. Во Хамбург избегнуваат дури и електрични автомобили, па навивачите користат јавен превоз, а репрезентацијата на Турција вака кратка релација поминува со авион“, искоментира Шварц.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |