Германска дисциплина: Кунде задоцнил за мечот, Флик го казнил

October 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Германска дисциплина: Кунде задоцнил за мечот, Флик го казнил

Барселона славеше со убедливи 3:0 на гостувањето кај Алавес и трите гола ги постигна Роберт Левандовски. На одредени позиции Флик вчера реши да ротира, особено на десната бековска позиција каде на местото на Кунде заигра младиот Форт. Многумина мислеа дека тоа е за да го одмори Французинот, но всушност тој бил казнет. Флик решил да го казни Кунде бидејќи дефанзивецот не стигнал на време за натпреварот. „Не стигна на време за натпреварот и поради тоа беше казнет. Познато е дека Германецот сака дисциплина и ќе преземе драстични мерки за оние кои не ги почитуваат правилата“, открил извор од Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.