August 18, 2025 | | Свет
Барселона ја совлада Мајорка со убедливи 0-3 на гостински терен и ја продолжи победничката серија, но тренерот Ханси Флик не беше задоволен од тоа што го виде на теренот. Каталонскиот весник „Спорт“ открива дека Германецот веднаш по мечот имал жесток говор во соблекувалната, при што упатил бројни критики кон своите фудбалери. И покрај трите бода и чистата победа, Флик смета дека тимот одигра под својот максимум. „Играчите се премногу релаксирани, мислат дека се подобри од сите други и тоа не ми се допаѓа. Со таков пристап нема да можеме да бидеме шампиони,“ биле зборовите на Германецот според шпанските медиуми. Флик порачал дека не сака ниту момент на опуштање и дека фудбалерите мора да бидат целосно концентрирани без разлика кој е противникот. Тој потенцирал дека Барселона не смее да потцени никого во Ла Лига, бидејќи токму таквото размислување може да биде најголема слабост во борбата за титулата. „Максимален фокус и максимален ангажман – само така можеме да стигнеме до големи резултати,“ им порачал стратегот на своите играчи. Овој потег на Флик покажува дека германскиот тренер сака да изгради тим кој нема да се задоволува само со победа, туку постојано ќе тежнее кон совршенство и апсолутна доминација.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |