February 15, 2025 | | Свет
Германскиот клуб Сент Паули одлучи да направи промена во музичкиот репертоар на својот стадион „Милернтор“, со укинување на песната „Das Herz von St. Pauli“ („Срцето на Сент Паули“). Причината за оваа одлука е откритието дека авторот на песната, Јосеф Олиг, во текот на Втората светска војна бил дописник за нацистички медиуми. Ова сознание доведе до одлуката на клубот да ја исфрли песната од натпреварите. Претседателот на клубот, Оке Гетлич, истакна дека иако свесни за значењето на оваа песна за навивачите, химната на стадионот треба да обединува, а не да предизвикува поделби. „Бројни наши навивачи и членови ни укажаа дека повеќе не се чувствуваат пријатно со тоа оваа песна да се пушта на нашиот стадион“, изјави Гетлич.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |