Гест за почит: Четворица фудбалери на Барселона со велосипеди возеа до болницата за го посетат повредениот соиграч (ВИДЕО)

May 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гест за почит: Четворица фудбалери на Барселона со велосипеди возеа до болницата за го посетат повредениот соиграч (ВИДЕО)

Додека остатокот од тимот се враќаше во базата и ја славеше титулата, четворица фудбалери на Барселона решија да тргнат по сосема различен пат. Со велосипеди под кирија и насмевки на лицата, Дани Олмо, Ерик Гарсија, Педри и Ињиго Мартинез запрашија низ улиците на Барселона со една цел: болницата каде нивниот соиграч Феран Торес се опоравува по операција на слепо црево. Така, по големата победа од 2-0 над градскиот ривал Еспањол и обезбедување на шампионската титула во Ла Лига, овие четворица херои направија гест кој допре до срцата на фановите. Иако Торес физички не беше дел од дербито и триумфалната еуфорија, неговите соиграчи се погрижија да ја пренесат радоста до него, директно во болничката соба.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.