Ѓекереш ѝ „мавнал корпа“ на девојката за да дојде во Премиер лигата

July 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ѓекереш ѝ „мавнал корпа“ на девојката за да дојде во Премиер лигата

Виктор Ѓекереш е најжешкото име на трансфер-пазарот – и тоа не само поради головите. Напаѓачот на Спортинг Лисабон е решен да си замине, дури и по цена на лични жртви. Според најновите пишувања на португалските медиуми, шведскиот голгетер дури ја прекинал и љубовната врска со Инез Агилар, со цел целосно да се дистанцира од Португалија и да си го забрза заминувањето. Ѓекереш е видно разочаран од управата на Спортинг, која одредила висока откупна цена за негов трансфер и ја блокирала можноста за преселба во Англија. Напаѓачот, кој веќе одбил да се приклучи на подготовките со клубот, јавно побара заминување и нема намера да се врати додека не му се исполни желбата. Негова главна цел е трансфер во Премиер лигата, каде Арсенал и Манчестер Јунајтед се најсилно заинтересирани за неговиот потпис.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.