Ѓокереш го прекинува односот со Спортинг: Никогаш повеќе нема да заиграм за вас

July 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ѓокереш го прекинува односот со Спортинг: Никогаш повеќе нема да заиграм за вас

Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш го известил раководството на Спортинг Лисабон дека нема намера да се врати во клубот, ниту да се појави на подготовките за новата сезона, пренесува угледниот новинар Дејвид Орнстин. Според информациите, 26-годишниот голгетер бил разочаран од бавниот тек на преговорите меѓу Спортинг и Арсенал. Иако делегација на „топчиите“ минатата недела беше во Лисабон и разговорите беа во напредна фаза, веќе поминаа пет дена без напредок – што предизвикало негодување кај фудбалерот. Ѓокереш, кој веќе ги договорил личните услови со Арсенал за петгодишна соработка, наводно порача дека „никогаш повеќе нема да заигра за Спортинг“. Овој став дополнително ја засилува неизвесноста околу трансферот, бидејќи Арсенал сè уште не го исполнил финансиското барање на португалскиот клуб.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.