Ѓокереш игра неверојатно: Вечерва постигна четири гола!

November 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ѓокереш игра неверојатно: Вечерва постигна четири гола!

Шведска убедливо го совлада Азербејџан со 6-0, а четири погодоци постигна Виктор Ѓокереш кој сезонава веќе има 32 гола на 24 одиграни натпревари. Тој е првиот шведски фудбалер кој направил „покер“ после Златан Ибрахимовиќ. Иако многумина може да сметаат дека Азербејџан не е мерило, сепак пред само две недели Ѓокереш му даде три гола на Манчестер Сити.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.