Ѓокереш во војна со Спортинг, Арсенал го користи хаосот и испрати понуда

June 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ѓокереш во војна со Спортинг, Арсенал го користи хаосот и испрати понуда

Лондонскиот гигант Арсенал го фрли првиот трансферски проектил ова лето — и тоа директно кон срцето на Лисабон. Според информациите на португалскиот весник „Рекорд“, „топџиите“ испратиле официјална понуда од 65 милиони евра за шведскиот гол-машин Виктор Ѓокереш, напаѓачот што минатата сезона ги крши мрежите со скоро неверојатна статистика: 54 голови и 13 асистенции на 52 натпревари. Арсенал, кој со Артета на кормилото ја заврши Премиер лигата како вицешампион, е очигледно решен оваа сезона да оди чекор подалеку – и за титула, и за напаѓач кој ќе го носи тимот. Ѓокереш одамна е на радарот на големите клубови, но токму сега, во момент кога Спортинг тоне во внатрешен хаос, Арсенал гледа шанса. Проблемите во Лисабон кулминираа по расправијата меѓу 26-годишниот голгетер и управата. Наводно, имал џентлменски договор дека ќе може да си замине за 65 милиони евра, но претседателот на Спортинг сега вели: не важи – цената е под 100 милиони, но не и 65 милиони.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.